локација

Локација - Чањ , Црна Гора

Кампот ќе се одржи во Чањ, мало туристичко место помеѓу Бар и Петровац. Чањ е препознатлив по една од најубавите и најдолгите песочни плажи во Црна Гора. Сместувањето е во хотел со 3* со полн пансион.
професионална обука

Професионална обука

Професионалната обука на кампот ја раководи ценетиот одбојкарски експерт професор др Горан Нешиќ. Тој поседува FIVB тренерска лиценца. Тој е поранешен селектор на репрезентацијата на Југославија и Босна и Херцеговина.
за кампот

За кампот

Кмпот е наменет за млади од 8 до 18 години. Учесниците на кампот се под постојан, 24 часовен, медицински надзор. Тимот на кампот е сочинет од искусни професионлци и дипломирани професори за спорт. Покрај одбојка, кампот ќе биде збогатен со многубројни забавни содржини и активности за кои се задолжени нашите аниматори.
за клубови

За одбојкарските клубови

Организираното пристигнување на одбојкарските клубови овозможува бесплатен престој за тренерите кои ги придружуваат (еден тренер на 25 членови на кампот). Можност за договор со раководителите на кампот за можноста вашата натпреварувачка екипа да тренира само со професорот Нешиќ.

ДАЛИ СТЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ?

Оставете ги вашите податоци и ќе ве контактираме во најкраток можен рок.

    Програма на кампот

    ОДБОЈКА

    Утринските тренинзи ги одржуваме на плажа, а попладневните на отворени спортски терени
    со безбедна подлога (Bergo flooring). Можност за дополнителни, индивидуални тренинзи со професорот Нешиќ и други искусни експерти.

    ИГРАМ ЗА СВОЈОТ ГРАД

    Секој клуб се натпреварува за својот град. Секој ден организираме натпревар во разниактивности во кои клубовите собираат поени. На крајот од кампот го прогласуваме градот кој победил.

    ПОЛИГОНИ НА ПЛАЖА

    Одбојкарските натпреварувачки полигони на плажа се нешто единствено и нешто кое му дава на кампот негов личен печат. Полигонот за подготвеност со одбојкарски елементи дефинитивно е најполуларна активност на кампот.

    ПОЛИГОНИ НА ВОДА

    Натпреварувачките полигони во вода се за повозрасните учесници. Почетокот на полигонот е на плажа. Потоа се префрла во вода каде што се совладуваат разни задачи. По излегувањето од вода следат одбојкарски задачи. #naš_survivor

    ОДБОЈКА НА ПЕСОК

    Одбојката на песок е омилена активност на секој од камперите.

    ИНДИВИДУАЛНИ ТРЕНИНЗИ

    Индивидуалниот тренинг дава можност сите евентуални грешки во изведувањето на техниките да се препознаат и поправат, но исто така кај тие кои ја владеат техниката таа да се подигне на повисоко ниво. Тренинзите ги води професор Нешиќ.

    ВОЗЕЊЕ СО БРОД

    Една вечер во времетраењето на кампот ја користиме за возење со брод до некој од градовите на Црногорското приморје. Гитарата е задолжителна за текот на пловидбата. Учесниците кои исто така се членови на музички училишта имаат прилика да се покажат на дело. ЗАБАВА.

    ЗАБАВА

    Журките на плажа се задолжителни во нашиот камп. Да, задолжителни. По напорните активности во текот на денот, во вечерните часови, на плажата организираме дружење под строга контрола на тренерите и инструкторите.

    СПОМЕНИ

    Најубавите спомени и новосоздадените другарства се тие кои се настанати токму на ваков тип на кампови.

    ТЕРМИНИ

    Моментално се достапни места во сите термини.

    Tермин 1

    22.06. - 28.06. 2024.

    Tермин 2

    28.06. - 04.07. 2024.

    Tермин 3

    04.07. - 10.07. 2024.

    Tермин 4

    10.07. - 16.07. 2024.

    Резервирајте го вашето место на време
    За подетални информации посетете го сајтот на англиски јазик
    Пост на web сајтот